во (предл.) - годишен (прид.)

За плаќање на сите долгови турската влада во годишните буџети определувала сума од околу 6.400.000 турски лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Луѓето отсекогаш му се чуделе на редот во годишните времиња, на начинот како ноќта го сменува денот и на прецизноста со која, како што нам ни изгледа, ѕвездите и планетите се движат по небото.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа што мора да кажуваш, одново-наново, колку ти е небитно тоа што си геј за да одржиш некаков општествен или културен кредибилитет, речовито говори за времето во кое живееме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Оскар Рејмундо, дваесет и петгодишен, може да се смета за професионален геј“, бистро забележува Скот Џејмс за Њујорк тајмс во годишниот извештај за Геј-гордоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и луѓето што раководат со геј-медиумите, оние на кои им е работа да создаваат и да одржуваат јавна геј-култура, чувствуваат должност исто да им се заветуваат на верност на небитноста и на нерелевантноста на суштествувањето како геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На списокот со десетте најбитни работи за мене, секогаш ќе речат, тоа што сум геј е на десеттото место.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Содружниците можат да ја донесат одлуката за зголемување на основната главнина само по усвојување на годишната сметка, според којашто друштвото нема тековни и непокриени загуби од претходните години, и по усвојувањето на извештајот на овластен ревизор со којшто се потврдуваат фактите во годишната сметка (чл. 258, ст.2sq од ЗТД). 4.  Основач на трговско друштво е секое [физичко или правно / домашно или странско] лице – кое, заради основање трговско друштво, потпишало договор за друштвото, статут, односно изјава за основање ДООЕЛ (чл. 3, ст.1, ал.37 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)