во (предл.) - гол (прид.)

„Жедта за допир со месото, уживање во голите човечки тела. Зарем тука не е скриен апетитот кон човековото месо? “ (Новалис: Фрагмент 1209)
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој го залепи грбот на потпирот на столот и откосо погледна во голите листови на нејзините јаки нозе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапонски агенти: оџачари со мердивани за да погледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предвоени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрачкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во гола зима, вели, на гол снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му се стори како да си ги чу сите свои три зрна како се слизнаа од кожата на нерезот и како иссвиреа во воздухот, рикошетирајќи, чиниш погодиле во гол камен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали во голи рамења, дали во пусти опинци, или во стапот овчарски?
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Онаа кожена ташна што сам ја имав шиено во Гаково веќе е распадната па книгите ги носам во голите раце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Седнаа под стреата на коњушницата и гледаат горе, во голиот и карпест рид.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе одам...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапоносни агенти: оџачари со мердивани за да подгледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предводени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрчкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Секако ѝ било смешно или одвратно да се огледува во голите полжави за кои акробатот се колнел дека се очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Благодарение на математиката, знаеме дека Ж не правеше ништо друго освен што зјапаше во голата Дуња со подзината муцка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ти, со мирис на хармоника, помешан со евтин дезодоранс и со пот на стомачна танчерка што се влева во голиот папок над клекнатите ракоплескачи.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)