во (предл.) - горчлив (прид.)

Убавината станува таинственост. Површините и цртите се одвојуваат од исклучиво предметната врзаност, се осамостојуваат, најнапред во горчливи игри.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Како што отец Иларион бдее над душите од своите болни што ги лечи, така и отец Серафим бдее над бочвите во визбата; а во време кога превира виното, тука и спие: да го гледа, да го пази да не истече: со деноноќија седи крај бочвите, им го наштутува нивното шумење, шепотење, вриење на зрната чија што душа преминува од блага - во горчлива.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На ова со среќа, лицето му се развлече во горчлива насмевка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Умешноста да се процени вистинската состојба по такви животни потреси е обично реткаи доколку некој располага со неа ја притајува во горчливото срце: ни совладаниот можеш да го утешиш ни на славеникот можеш да му ја укажеш потребата да се смири и да мисли на иднината, на луѓето и на земјата за која бил готов да полее и своја крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ОГНЕНА ГУЛЕВА
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
8 Чудовиштето - тоа, значи, било: по нив се влечел со упорност на гасеница мирис на изгорено месо, не мирис што се чувствува со влакненцата на ноздрите и не што се згруднува в грло, сладникав, мек и сепак подвижен залак, туку оној што се закопува во горчливиот мрак на срцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Земјата мириса, рекол некој Гидеон Кузмановски за себе. - Бара орачи а не колачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Назад се врати со сликата на Димостена во себе, онаа од деновите пред да го затворат: мило лице развлечено во горчлива насмевка и падната коса која му го затскрива едното око, а во другото без никаква порака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Чувствував како бунилото полека заминува, и наместо него ме совладуваше тонењето во горчлива болка, и затоа го замолив: „Те молам, оди си.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го направив оној наш таен поздрав од времето кога бевме деца: ја испружив раката, и со моите прсти му го допрев челото, па носот, па брадата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)