во (предл.) - грозоморен (прид.)

А бидејќи тоа е една од најтеш­ките работи и бидејќи статус-кво е најдо­бриот од сите можни светови, тогаш дај вади ги старите идеолошки шеми на пријатели и непријатели, чкртни „социјализам” и напиши „државо­творност”, чкртни „егалита­ризам” и напиши „национализам”, супер, ете извршена транзиција, по некое фино чудо ние сме пак горе и сè е фино во грозоморниов свет, освен што веќе нема класи, туку тенка буржуазија и маса понижени и непро­светени проле­тери.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Централата прераснуваше во балканска оракула која ги кажуваше, одредуваше новите жртви, располагајќи со нивните души, ги распоредуваше нивните судбини, располагаше со нивните души трагајќи по нивните тајни во грозоморните истраги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)