во (предл.) - груб (прид.)

Да се присетиме просто, во груби црти, на фактот дека револуцијата на идеите, резот - „епистемолошки, како што се вели - чиј што најинтензивен момент можеме да го врземе за времето околу 1913. година, во метежот што го донесе, како во областа на математичките и физичките науки, така и во подрачјето на сензибилитетот, може во повеќе од еден поглед да се спореди со климата во времето 1480-1500, помеѓу крајот на средниот век и почетокот на ренесансата, помеѓу опаѓањето на средновековниот хуманизам и премисите на една нова култура во која се мешаат, во единствен синкретизам, томизмот и неоплатонизмот, емпиризмот и номинализмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
РИМУВАНА КНИГА пламен на збор рамен страстен бесен небесен занесен знак дека пак на тајна трајна виделина око ќе сонува спокој мисла што се впива жива вивната а пак в миг стивната о таа тага о таа драга горе непрегор море плен на налуничав ден долу земна нескротлива темна коска древна засенети скаменети зборој во груба убост од створ цедат одговор: каде е атот? кој е патот?
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Сме се сретнале и лично и главно во груби црти знаеме сѐ едниот за другиот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Изработката е груба, нејасни кинески букви се втиснати во грубиот челик.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- ... Ги префрливме. Сега нека дојдат да ни вршат попис, налутено, со некакво заплашување во грубиот глас, расправа стариот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие заминале како селани, облечени во груба облека, а се вратиле со вратоврски, јакни, и со пари.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)