во (предл.) - двоен (прид.)

Група ДП - Делумно Поправени - опколила некои педерливи туристи, чии нордијски черепи долу се откриваат со грозни значајни насмевки, во двојна експонажа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Присутност Дерида е философ литерат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
3 Втората смисла во која што Дерида е философ литерат е дека од било кои разлози, тој често ги одбегнува традиционалните философски стилови на пишување во полза на стиловите за кои може да се каже дека се поодомаќени во литературните дела.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова е вистинито во двојна смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Проширувајќи го своето видување на светот врз сите големи дела на минатото, тој ни дава час од историјата на живописот; ние се гледаме во двојна димензија и сфаќаме, ренесансните, класичните и современите уметници во себе веќе ги носеа зачетоците на Ботеро... 204 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Двосмисленоста на смртта дадена им е на божествата и на змиите, а од нив, во двојните гени од минатите постоења што ќе ја хранат смелоста, и на осамените витези, кои со блескава ведрина поаѓаат кон неизвесноста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Што значи, секој феномен може да се согледува двојно, уште повеќе мора да се согледува во двојна перспектива, “природна” и “противприродна”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Втора му кама удрија кога ја Спиро продаде Љуба во село далечно на човек в двојни години.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Проститутката отелотворува еден парадокс, таа воедно е и роба и продавач на робата, на границата меѓу соодветното (таа е човечка женка) и несоодветното (таа е курва) како што и „примитивецот“, дивјакот, е на границата на човечкото (тој му припаѓа на човечкиот род но не е баш сосема човек).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ани Спринкл на сцената е во двојна позиција токму како што и проститутката во својата работа е во двојна улога.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вреди да се забележи и Морденовото попатно, но свесно, упатување на почитта што обожавателите хомосексуалци постојано му ја укажувале на Крафордовиот најпрочуен лик, и тоа во двојниот опсег од китнесто подражавање до пизмена пародија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе појдам, ќе му помогнам да го најде светото грутче во кожа. Гревота е да пека по патов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Амајлијата ја нашле во едната ногавица на долгите гаќи што се врзуваат долу, на педа над петиците, потоа побрзале да го запрегнат добитокот, сега во двојни јареми што ги изделкале од лесновски стебла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Катица Ќулавкова  Скопје, февруари 2012 Eдгар Алан По  УКРАДЕНОТО ПИСМО Nil sapientiae odiosius acumine nimio.2  Seneca Во Париз во есента на 18-, една ветровита приквечерина, уживав во двојното задоволство на размислувањето и на пушењето луле заедно со мојот пријател С.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најмногу навикнати на туѓи господари и знамиња, а најмалку на своето, на ста­рото древно знаме уште од војните на Скендербег, во 15 век, тие често го криеја, во чеизот на невестите, во двојни­те дна, под подовите, го соѕидуваа, со надеж дека слободата ќе го развее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никогаш не му имаше кажано на Татко што носеше во двојното дно на својот куфер.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Никој од нас не знаеше за трите знамиња на Мајка која ги чуваше во двојното дно на својот ковчег, уште од чеизот, но сите знаевме, посебно Татко, за нејзиното сре­бре­но огледало.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XII Настаните во Татковата библиотека, предизвикани од распоредот на книгите, од некое неочекувано откритие во нивните прелистувани страници, потоа разговорите на чардакот со Мајка, не остануваа без последици и врз судбината на нашето семејство. Така беше и со ненадејното откритие на старите знамиња во двојното дно на чеизниот ковчег на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, пред да ја минеме границата, кришум си го ставив во двојното дно од куферот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)