во (предл.) - дедов (прид.)

Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Васко ќе се смири, ќе се загледа во дедовите мустаќи и ќе ги изостри ушите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)