во (предл.) - депресивен (прид.)

Сиво е небото, сив е хоризонтот, сиво е на островот, сиво во градот, си помисли Карер и гласно изговари: „Насекаде проклето сивило”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На хоризонтот нема ништо, па мислата, иако одново сакаше да ја врати во минатото, му се заробува во депресивниот пејзаж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бродовите беа големите, променливи украси на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот.  Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)