во (предл.) - доброволен (прид.)

Што можел да стори Онисифор Проказник - да побара од непознатите осуммина да се тргнат од патот за да помине дружината со двоколките или да заповеда веднаш да се пука?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едно такво застранување не штеди никого - па ни мажите, кои себеси се сметаат за слободни луѓе, а паѓаат во доброволно ропство. okno.mk | Margina #10 [1995] 71 “
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но ова е живот. Јас еднаш веќе избегав од светот, се повлеков, им го отстапив местото на посилните, заминав во доброволен прогон.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)