во (предл.) - доверлив (прид.)

Се споредувал (во доверливите разговори со својот харизматичен министер за култура Андре Малро), со големите дабови кои на крајот, откако ќе престанат да служат, луѓето ги соборуваат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бургиба Јуниор, во доверлива искреност, ми ги изрече зборовите кои засекогаш ги запаметив и ја чинеа суштината на мојата замислувана телеграма: - Мојот татко Хабиб Бургиба е мудар човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во една пригода, Франсоа Делатр, дојден во Амбасадата на Рерублика Македонија, во доверлива искреност, неочекувано ме запраша: Дали Македонија има франкофонски капацитет и искрена намера да стапи во Меѓународната организација на франкофонијата?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)