во (предл.) - еврејски (прид.)

Започна да трага – отпрвин незабележително, потоа сѐ понервозно; на третото зајдисонце, пред гробот на мачениците во апсидата на мартириумот, еден од доушниците му дошепна дека каменот е сокриен во домот на трговецот Моше, синот Азаев, во еврејскиот кварт.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
По тој начин правилото во еврејската реченица стана заповед во грчкиот јазик, којшто се дава на детето!
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Покрај овој како општо еврејски Пурим, се одбележаувале и посебни денови на спасување на Евреите; така постоел и посебен белградски пурим кога се спасени белградските Евреи при едно тирско бомбардирање на градот  Purim alegre!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па во еврејските домови во Скопје со денови се шепоти за интернација; дека еден од овие денови ќе ги соберат и ќе ги однесат на принудна работа во странство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Rosh Hashana Нова година според еврејскиот календар Романиоти Евреите од времето на Византија или на „вториот Рим”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ќе биде симпатично друштво меѓу стемнетите чифутски фаци.  Токму тие фаци и ги дочекаа него и подофицерот Мајснер во еврејските канцеларии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како што подоцна слушавме, влегувале во еврејските домови и ги кревале луѓето од постелите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Како?” - прашува снисходливо актуелниот претседател на еврејската заедница кој стои пред Координациониот управен одбор за социјалните работи, зајакнат со Д-р Цви Корец кој е сѐ уште повратник од Виена и личност без функција и уште дванаесет видни личности на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Shabbat Шабат, ден посветен за молитва во кој не смее да се работи никаква физичка работа со оглед дека во Библијата Господ го означил како ден на одмор Shadhan шадхан, проводаџија во еврејска средина на хебрејски јазик
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се селеле од еден стан во друг во еврејскиот кварт Леополдштат, и во секоја улица во која се вселувале им се раѓало по уште едно дете – Роза во Вајсгарберштрасе, Марие во Пилерсдорфгасе, јас во Пфефергасе, Паулина во Глокенгасе, Александар во Пацманитенгасе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многу боледував во детството, и мама постојано беше крај мојата постела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ти имам кажувано. Униформирани лица упаѓаа навечер во еврејските домови, кршеа сѐ околу себе и маваа по нас, и ни велеа да си одиме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Колку згодни нозе имаше ќерка му на стопанот која севезден поттрчуваше кога се качуваше по мермерните скали на старата куќа во еврејското маало! (море, не ќе да поттрчуваше, таа беше ептен флегматична!?) И сѐ така, воздишки и исчудувања, колку извичници, толку прашалници.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Колку убави мермерни скали имаше старата куќа во еврејското маало и колку змиулесто беа поставени!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Постојано бев во дослух со гласовите што идеа однадвор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тие ноќи, додека ги раскопувавте ѕидовите на куќите во Еврејско маало, воопшто не заспивав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)