во (предл.) - економски (прид.)

Колку и политиката да игра улога во економските односи на едни земји со други земји, на едни блокови со други, тоа како да не се чувствува во Лајпцишкиот велесаем.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Е, токму на спојот на двата звука, тука блиску до соколааната, беше зборното место на Радица, матурантка во Економското училиште, и Роска, ученичка во Чевларското училиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ посилно се чувствува загубата на таа Прага за Европа која не сака да “заглави” во економски или биолошки материјализам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но, ваквата нерамномерна оптовареност на судиите не е различно вреднувана, па сите добиваат иста [доста голема] плата –  без разлика дали решаваат тешки случаи или ситни прекршоци. 307 обичниот македонски човек и работник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тажен е податокот дека, ретко кој од денешните наши судии посветува внимание на „потчинетоста која ѕирка зад фасадата на наводната договорна еднаквост“ (Пол Дејвис) – оти купувачот и продавачот вообичаено, барем во економска смисла, се еднакви, ама работникот и работодавачот не се.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А во одделни судови од државава има судии што, годишно, имаат во работа по 500 предмети, додека во други судови, на истиот број предмети, работат дури седум судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Светот на кредит Денес живееме во двоен, имено, во економски и финансиски неред на светско ниво, кој е мошне тежок затоа што е и длабок и структурно условен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Имено, наместо да означува трансформација на (поголемиот дел од) општествениот и државниот капитал во приватен и воведување на пазарни механизми во економијата, овој поим беше ефемеризиран до значење – достигнување на стандардите на западните земји во политичката и особено во економската сфера.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според гледиштето на Хабермас (слично на песимистичките гледишта на Адорно и Хоркхајмер во нивната „Дијалектика на Просветителството“), при преминот од пазарен капитализам и либерална демократија во државен/монополистички капитализам и либерализам на социјалната држава, државата и јавната бирократија сѐ повеќе продираат и во економската и во јавната сфера, а државата и корпорациите ги преземаат виталните функции на јавната сфера, дегенерирајќи во процес на доминација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Доцната модерност доведе до пропаст на јавната сфера.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Артур е зачуден од идејата, така вообичаена во конвенционалната економска теорија, дека секој чинител во економскиот систем доаѓа до апсолутно најдобрата стратегија во дадените околности.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)