во (предл.) - ексклузивен (прид.)

Но за опстанокот на геј-културата, она што е битно не е нормативноста на хетеросексуалноста како сексуална практика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од места на комуникација, јавните простори се трансформираат во ексклузивни сцени на спектаклот, со приватно обезбедување за да се заштитат купувачите и бизнисот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Одбрани луѓе, во ексклузивен хотел на морето, коктели, прошетки, приеми од страна на министри и градоначалници, возење со посебно закупен брод, размена на книги, телефони и адреси.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сите тие треба да се одвиваат под истиот покрив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Резултатот е глобализирана архитектура од модни продавници и синџири за брза храна, мултиплекс кина и цели улици претворени во трговски центри; заедници затворени и оградени како тврдини; и семиотичко загадување од сеприсутните реклами.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таквото постоење, за да се создаде, изискува стабилен домаќински живот што неразделно се дели со едно друго лице од горе-долу истата возраст, но од различен род и различен пол (оној со кој лицето се родило, кој не подлежи на промени), во ексклузивна, дијадична, љубовна, некомерцијална поставеност што се води во заеднички домашен животен простор, воспоставен и зацврснат со сопственоста на имотот и другите облици на богатство што може да се пренесуваат на идни поколенија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој систем на норми не го опишува толку начинот на кој луѓето живеат или треба да живеат колку што определува еден хоризонт на очекувања за човековиот живот, склоп идеали кон кои се стремат луѓето и според кои ја мерат вредноста на сопствените и на туѓите животи. ‌Според тие норми, достоинството и вредноста на човековиот живот се изразуваат во особен облик на интимно постоење во пар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што е битно е поголемиот пакет – фактот дека хетеросексуалноста си останува општествена и културна норма, дека хетеросексуалноста си ја задржува моќта на хетеронормативноста.464 ‌Хетеронормативноста е систем од норми поврзани со одреден облик на живеење, облик на живеење што опфаќа низа меѓусебно поврзани елементи, од кои сите се слеани во единствен стил на општествено постоење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)