во (предл.) - есенски (прид.)

Тој се приготвува на брз оган, на пампур, во есенските и зимските денови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, трговците не попуштаат, и војната дури во есенските дни стивнува, зиме речиси се смирува, за да се распали повторно во летните дни, кога на пазарот пак се појавува сладоледот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Острите коленици на тој човек како да и нанесуваа болка; во есенските, скоро безгласни ноќи, кожата и стануваше сува, ноздрите и се ширеа: бараа воздух, слобода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Крупните дождовни капки што ѕвонат во есенската ноќ капавицата ја будат низ олукот плискаат истечуваат со големите води.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во прво време оти се совпадна со откривањето на здрвеното тело на старецот во вагонот, таа нападите на повраќање ги поврзуваше со мислата дека можеби е најдобро да му се придружи на некаков начин на старецот оти нема да биде грев ваква изгнасена вистински да се загуби во есенските калишта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа беа спортски гаќички што ги добила од комитетот за фискултура и култура, како победник во есенскиот крос по повод ослободувањето на градот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сместен во прекрасен амбинет, овој туристички комплекс, дело на струшкиот архитект Зоран Рафтовски, располага со 29 двокреветни соби, 15 апартмани, отворен базен, ресторан во кој се сервираат јадења од локалната и европската кујна, конференциска сала со бифе и најсовремена електронска опрема за одржување состаноци, семинари, работилници на кои во есенскиот и зимскиот период тука дебатираат специјалисти од Албанија, Македонија, Бугарија, Италија, од специјализираните организации на ООН и други меѓународни здруженија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нејзините лилави, влажни зеници гледаат во есенските бои на далечните дабови, но веќе ништо не забележуваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ХАОС2 т.е. комплетност ПРИЛАДОДУВАЊЕ КОН СЛОЖЕНОСТА Расел Радин Глетката што од Санта Фе, во есенските сончеви попладниња, се пружа врз планините на север, искапени во светлина што се прелева во златно жолта боја претставува ретко убава слика. 1 okno.mk 81
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)