во (предл.) - женски (прид.)

Мажите гледаа во женскиот танец, — а жените во машкиот. Така си е тоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сеедно што, ако беше така, ако свети Јован Крстител го одвел Бошета, остана отворено прашање кое беше чупалето - Божја ќерка?! - кое беше лично како цариче и кон кое и сами Јанческите и сите другите се однесуваа како да е навистина цариче, (Јанчевци од залакот си делеа за да го облекуваат во коприна; дури и градски кревет му купија, го поставија во женската одаја, веднаш под пенџерињата што гледаа во дворот и на гумното и двојно ги зарешетчија), а тоа заедно со децата Јанчески и заедно со сите деца од Потковицата си играше и си растеше со ништо не разликувајќи се од нив, ниту во игрите ниту, пак, во говорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ова во женскиот дел од публиката провоцира длабок, детски сон за куќата на куклата, па не е чудо што една Њујорчанка, изнајмувајќи му го станот на мојот земјак му ја покажала јастучницата и чаршавот и со просветителски тон му рекла: Ова е јастучница, ние Американците ова го ставаме на перница, а ова е чаршав, ние Американците ова го ставаме на кревет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таму останала една година, помагајќи во производството на книжулиња во запечатени кутии, со наслови како „ Скокотливи приказни“ или „ Една ноќ во женско училиште“, за да бидат купувани потајно од проловската младина, која имаше впечаток дека купува нешто недозволено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
“Еден мој пријател се тушираше синоќа во женскиот блок,” рече тој.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се зборуваше дека во тоа време „Под врбата“ сѐ почесто доаѓа Гоше вработен на осматрачницата поставена во женскиот оддел на Прифатниот центар за странци.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа добро ја познаваше ситуацијата во женскиот оддел на Прифатниот центар за странци во кој ги помина првите две години од своето вработување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Двегодишната работа во женскиот оддел на Прифатниот центар за странци на полицајката ѝ овозможи да навлезе во сите детали на тој живот што ние го нарекувавме општество.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Накусо, ако е женската вагина - без оглед на тоа што би кажала психоанализата за причините за нејзината привлечност - место во коешто пенисот најлесно ја доживува својата полова реализација, што значи дека во неа на посебен начин се создадени услови што ја поставуваат за остварувачка на половата надразба од прв ред, тогаш мора hi-tech направата електронски да создаде таков систем надразби на телото на примачот што нема да отстапуваат од оние што ги чувствуваме при пенетрацијата во женскиот полов орган или при надразнување на другите ерогени места на кожата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Заради маѓијата, уште од раѓањето, Анко го облекуваа во женски алишта, му ја пуштаа косата да му расте долга, му плетеа плетенки, се дружеше и играше со женски деца, и како што растеше - добиваше женски манири, се однесуваше како женско, дури и гласот му стана тенок, женски; се интересираше за плетење, везење, за шиење.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа беше Турчин со зачалмен фес и ибн Пајко тојчас го препозна амамџијата Селим од Чифте-амамот, кој секогаш го триеше со топли ленени крпи кога овој со Калија одеа во саботите на бања, едниот во женскиот, другиот во машкиот дел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Трајаница не се фати во женското оро.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Послушно е синчето, со омраза се искриви Петко и се подгрбави во женскиот мантил.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас, на пример, можам да се облечам во женски штикли, да ставам црни чорапи, да го нашминкам лицево и по гаќи да излезам да шетам по улици. Да ме фаќаат за газ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Италијанските вдовици од Фајер Ајленд можеби се виновни за кражба на култура, но не и за бездушно уживање во женското страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За Ламбо Малинов, братучед на Тодор, знаевме дека е во Женска гимназија. Бргу се зближивме со Лефтер и Тодор.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)