во (предл.) - живописен (прид.)

На безброј места крај самиот пат, речиси пред секое село, се организираат минијатурни изложби на убави и големи јаболка, на грозје, на сето овошје и зеленчук што виреат во овој крај а, крај секоја од изложбите, девојки во живописна влашка носија точат шира штотуку исцедена од слаткото грозје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Џулиеновото морничаво, проникливо истражување на овој стивнат институционален простор, ликовите од сликите оживуваат; се театрализираат нестабилните односи на авторитет, доминација, потчинување, контрола и надзор кои ја карактеризираат интеракцијата помеѓу вработените и посетителите на музејот, се одигруваат, превртуваат; а начинот на документаристички реализам, кој типично се користи за да се разоткријат историските ѕверства, се разбива кога во сцените снимени во црно-бела техника влегуваат дебелки купидончиња или кога се испресекуваат со групни еротски сцени во живописни бои.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бурељ е тивок град, сместен во живописна околина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)