во (предл.) - забрзан (прид.)

Потем, продолжи во нов тон: - Другари, оценето е на највисоко ниво, дури и во Федерацијата, а во консултации со заедницата на братските социјалистички земји, кои се приоритетните стратегиски пунктови во забрзаниот развој на нашата Република.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Целиот живот како во забрзан филм го виде од првото до последното скалило.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Коњските копита рамномерно во забрзан кас удираа на каменестата патека.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Махмуд Дарвиш ќе стапи во редовите на Палестинската ослободителна организација во 70-те години од минатиот век, а ќе ја напушти во 1993-та во знак на протест против спогодбите во Осло, коишто Јасер Арафат ќе ги склучи со израелската држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не му беше лесно да го преземе овој пресуден чекор во својот живот, верувајќи дека неговото перо може да биде попрецизно од мечот, со кој се црташе картата на палестинската држава, во забрзаните постапки на Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дење и ноќе гледаше час во извишената Тврдина, на другиот брег од реката, час во забрзаните води по кои, некогаш, ги испраќаше кон морето и своите забрзани размислувања за заминувањето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)