во (предл.) - задоцнет (прид.)

Да ѝ ја открие сета своја љубов која не ја покажувал, осо­бено во нивната заедничка италијанска пролет, пред неа и по неа. – Животот, мила – продолжи Татко, во задоцнетиот одговор – е како облакот на небото кој мигум се распаѓа, исчезнува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дали, откривајќи ги сиџилите, пишувани на старото, на архаичното арапско писмо, во кои сѐ уште се криеја тајните на хуруфистичките еретици, Татко продолжуваше да верува во задоцнетата светлина на спасот на Балканот!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)