во (предл.) - западен (прид.)

Имено, една од главните причини за појавата на оваа криза е несразмерната распределба на профитот и богатењето на првите луѓе на големите светски компании.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку за споредба, во 1976 директорите во Западниот свет земаа плати за 36 пати поголеми од платата на просечниот работник, додека во 1993 просечните директорски плати беа дури 131 пат поголеми од платите на просечните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, далеку од простото отфрлање на општествените и естетски вредности на западната култура, деструкциската уметност ги разоткрива нејзините структурни принципи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во една неодамнешна студија за развојната улога што ја одиграле старогрчките математичари со цел да се постигне „предност во војна“, John Onians го разгледува вградувањето на милитаризираната свест во Западната културна продукција.9
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во книгата нема жестоки, омразени ликови, како во западните романи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие го одмараат окото на посетителот и го принудуваат да подзапре, и покрај пеколниот шум, да ужива во убавото на најубавата архитектура во Западен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Речиси разочаран, пак се најдов во холот на станицата, по потрага по некој сонародник, зашто наши луѓе можат да се сретнат на сите перони, на сите станици во Западна Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неодамнешниот избор на претседателот на Сојузната Република во западниот дел на овој град предизвика бура од негодување и протести на Исток.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
317 Во своите извештаи за економската и социјалната состојба на населението во Западна Македонија мисиите меѓу другото известувале дека: “животниот стандард во оваа област е и секогаш бил многу низок дури и за Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се запознава со Тед Хјуџис, кој работи за „де Менилс“ во Тексас; подоцна станува претседател на Енди Ворхол институцијата и магазинот Интервју. „Фектори“ се преселува на Јунион Сквер во западен Њујорк.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Трети јуни - застрелан од Валери Соланис, основач и единствен член на S.C.U.M. (Здружение за критика и сосечување на мажите). Поминува речиси два месеца во болница. Ги прави „Облаците“, сценографија за претставата Reinforest, балет на Мерс Канингам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Август - оди во Лос Ангелес каде држи предавања по колеџите. Октомври - го најмува Алан Миџет да ги држи предавањата по колеџите во улога на Ворхол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За разлика од Индија, каде за прв пат се откриени ефектите и каде е употребуван во ритуални цели, во западниот свет последниве педесетина години стана популарен како рекреационо средство.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Татко ѝ нејзин, Јончета Јанчески, го убија Албанците уште додека сојот нивни живееше таму некаде, во Западна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше блед, се потеше, како пред кап. И рече: „Влези во западната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник, папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови; двете твои гради – како две јаренца, близначиња на срна; вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој – Ливанска кула, свртена кон Дамаск; главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја како пурпур; цар се вплел во плетенките; Оти ти рекла: положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; Оти: си ја зел за рака и таа те повела во вселената своја, во лозјето, во градините, меѓу кринови, меѓу двата нејзини колка, две веришки, две кули камени, во својата утроба, во купа пченица, па си ја познал буквата-девојка, и си го настанил семето свое во утробата нејзина ѓаволот што ја отворил за тебе, како порта што води во темен стан, во најтемна ноќ со јасни ѕвезди; Оти: си се разбудил одеднаш, пред полноќ, во прегратка на блудница жена, и си залелекал, си спискал, оти си видел дека буквата-девојка си стои негибната во клопчето од записот, невина сосем, недопрена од раката твоја страсна, и си сочинил, бргу-бргу препис на преписот; Оти: навистина си сочинил препис на преписот, со буквата девојка среде клопчето, и си ја нацртал уште поубава, и си отишол во западната одаја, и си сакал да ја оживееш, како Господ да си, оти само тој оживува и умртвува, подига и унижува; но ништо од тоа, оти буквата девојка, и сите други букви од умножението на преписот се сториле бројки, кога си го пречекорил прагот на одајата западна; Оти: си ме оставил мене, твое семе во таа утроба, и кога ме родила утробата на мајка ми, ти веќе не си бил жив, но братот мој, Лествичникот, знаел што бара новороденчето пред вратата на одајата на блудот и не ми кажал; Оти: се плашел од мене, оти од средето на писмото сум зачнат, од буква-девојка, оти сум Сказник и сказанија измислувам, и Мозаичник сум, оти скршеното го составувам; и се исплашил Лествичникот да не му го одземам првенството, па го сокрил родословието мое, да не знам кој сум и дека предодреден сум, како Сказник и Мозаичник светот на грб да го носам, на крстот мој!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И ја заклучи источната одаја, и клучот со себе го зел, па го пренесол умножението, без никому да го покаже, во западната одаја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оценките варирале меѓу 35 - цифра дадена од страна на валијата, и повеќе од 300, што треба да се земе за точна доколку би им се верувало на повеќемина Европејци, главно Германци и Австријци што живееле во западните делови на градот, каде што живеело егзархиското население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се разбира, како и Борхес, и Дерида сака да укаже на присуството на еретички традиции, каква што е кабалата, во западниот дискурс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ни Борхес ни Дерида не ја преземаат хегемонијата на грчко-римскиот дискурс здраво за готово; обајцата се наклонети кон извесен јудаизам во своите контакти со текстовите, а Борхес сака да зами­слува: “Александрија да однесеше победа наместо Рим, необичните, вознемирувачки приказни што овде накусо ги раскажав /пишуваше за гностицизмот/ ќе беа складни, величествени и обични.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Што би се рекло, во западниот свет луѓето одат на психоаналитичари, а кај нас, таа функција ја исполнуваат партиските предизборни митинзи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оф, судбини, судбини лоши за стројните женски тела во западни делови на Непал...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Легнав со лице на дланка, некако ќе ја минам ноќта.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тромав од горештина, некако сакато куцајќи, денот појде кон сонцето. Го снема. Се нурна во западнато руменило.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Со тоа Дерида создава претпоставка за една решителна промена во западниот начин на мислење (како и во оној врз кој западното мислење влијаело).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во западните министерства генералниот секретар обично е клучарот на министерството, задолжениот за мир и војна, врската меѓу главите на државите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Занаетите процветале за време на Османското Царство и тие биле еден вид замена за индустријата која се развивала во западните земји.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Занаетите продолжиле и по многу години откако Османлиите го напуштиле Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние во западниот свет, сега сме во позиција да ја запознаваме источната традиција директно, практицирајќи ја.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тие се алтернатива на претераното нагласување на рационалното, умственото, визуелното, во западната технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се случува во едно село во Западна Македонија.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ситуацијата била многу напната И најдобро се релаксирала со отворање ороспи куќи Особено во некои мотели во западните краишта
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Најстариот брат, откако го заврши средното техничко училиште, хидроградба, веднаш се вработи, а потоа и другиот брат, кој заврши средно ветеринарско училиште, исто така се вработи во една ветеринарна амбуланта, во едно поголемо село во Западна Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По враќањето од пазар, мајка ми, прескакајќи ги зборовите, пренесе дека неколку групи на жолти пци одеднаш нападнале некои зафрлени села во западните планини.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дерида го споредува терминот со нешто како што е медијот, дејство што не е ниту пасивно ниту активно, ниту временско ниту просторно, залог за сите намери загубени во западниот метафизички дискурс.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во таа новонастаната ситуација, политичките стратези во Британската разузнавачка служба сфатиле дека тоа е погоден момент да испратат свои мисии на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На своите едниници Главниот штаб им наредил да ги запоседнат италијанските гарнизони и да го преземат оружјето пред да го сторат тоа Германците, кои ги реокупирале италијанските територии во Западна Македонија и во делот на Македонија во рамките на Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)