во (предл.) - земски (прид.)

Стомаче несоодветно за годините, што покажува дека е уживател во земските благодети, меѓутоа, поседуваше шарм уникатен и вреден за внимание.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И тогаш, во земскиот мрак светлината Негова ме најде и со моќта на оној што дава совршена љубов ми ги отвори очите за себе, та прозборувајќи ми, ми го отвори и срцето и ми го покажа патот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Татко и Камилски најпосле се разделија, но со тоа не беше завршена потрагата по бескрајот на речниците како во земско соѕвездје до доцна во ноќта...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)