во (предл.) - идеален (прид.)

Но, за гледачот навистина да доживее полов однос со виртуалната Шерон Стоун (Sharon Stone), би морале на целото негово тело да наместиме посебни сензори, што не би го посредувале само чувството на отпор, туку во идеалниот случај - што е и составен дел на половото надразнување - на определени места и чувството на влажност и топлина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сликата за јавноста создадена од овој псевдо- јавен простор е јавност што е пасивна и рецептивна, каде потенцијално опасната општествена хетерогеност на мноштвото е хомогенизирана.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Постојано ме гледаа во идеалниот лик во „мојата ќерка“ по која мечтаеја, кога одеднаш, таа, како дрогирана, замачкува некои платна или со денови избива од дома во најсомнителни друштва на дегенерици.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јавноста е претворена во идеален потрошувач, а јавниот простор со тоа е сведен на стока, со што приватизацијата од страна на комерцијалните интереси станува нов јавен простор. 89 Don Mitchell, The Right to the City: Social Justice and the Fight for Public Space (New York: Guilford Press, 2003), 128. 79 3.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Буржоаската јавна сфера се заснова на принципите на отворена дискусија и користење на дискурзивната аргументација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во идеални услови, јавната сфера е арена каде поединците учествуваат во дискусија за прашањата од заеднички интерес, во атмосфера без никаква присила и нееднаквост кои би можеле да влијаат врз индивидуалните мислења или да ги оставаат без глас.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За мене и не беше многу страшно, јас и не морав да кријам ништо, сѐ мое беше во идеални пропорции.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)