во (предл.) - издолжен (прид.)

Втората девојка, нашминкана тинејџерка, е снимена, легната помешешки, во песокот на некоја плажа, несомнено монденска, за што сведочат бело-сините лигештули, чадори за сонце и куполести кабини за пресоблекување во позадина на фотографијата, како и делумно фатениот сламен шанк со свежи коктели од ананас, киви, дињи и друго медитеранско овошје, богато гарнирано во издолжени чинии, елегантни како и вретенестата сенка на мускулестиот келнер во десниот горен агол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Напред оди старешината Раде, се врти одвреме-навреме назад и гледа во издолжениот синџир на Одредот што се кине и пак се спојува.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)