во (предл.) - изменет (прид.)

Се разонодував во изменетата опстановка и сега повторно на светот гледав од погорно скалило.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бившиот Исток веќе не постои: новото источно устројство може да се создаде само размислувајќи за минатото коешто зрело треба да се интегрира во изменетата сегашност и иднина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не беше полесно и толкувањето на зборот башибозук, кој не излегуваше само од балканските речници, туку и може да се следи неговата употреба, во изменет и приспособен облик и во некои други европски земји.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Османлиите заминаа, но башибозукот остана долго време на Балканот, продолжи да се појавува, се разбира, во изменет облик на паравоени и парамилициски сили од балканските војни, преку светските и до поновите времиња!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)