во (предл.) - искинат (прид.)

Нив ги зема едно многу сиромашно девојче, во искинати алишта и кондури.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Но тој се тргаше од настаните, не сакаше да им се врати прецизен и студено да ги измери; уште повеќе- времето тогаш стоеше, и тој, во такви часови, можеби само за еден миг, беше вон од тоа време, во беспростор, сиот во искинати сеќавања.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во еден таков есенски ден, по струмичкиот пат врвеше селанец, облечен во искината селска носија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се подзамисли малку, гледајќи си во искинатите чевли, дека тие не би можеле да го издржат поројниот дожд кој веќе се појави, со едно сигурно ветување: благодат за сите што се под него.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И виде библиотекарот Филип Филиповски: лето е, 918 година, а по пустите падини на Источна Македонија ита во претсмртен час отец Лаврентиј, во искината мантија, кон Бело Езеро.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби бараше некого?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Очите му светат како јагленчиња, лицето му се издолжило, чиниш кожата ќе му се дупне секој миг од острите јаболкца и брадата. @еден е отец Лаврентиј, гладен е, измачен; трча и паѓа, колената му се жива рана, табаните - камен, жолт е отец Лаврентиј, жолт како свеќа, но носи абер во манастирот во кој мора да стигне.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)