во (предл.) - клет (прид.)

На тие што заминуваат, првите седум години во клетата туѓина и нивното куче не лае.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оставана често сама, во клетата туѓина, како што велеше таа, мораше, во својата мисија, да се снаоѓа самата во пресудните мигови, како што знаеше и умееше, барајќи за своите постапки, кога беа во прашање чедата, да му полага есап првин на Бога, а после на државата, на идеоло­гиите, на другите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не може да има поуверлив симбол за прекинатата светлина во клетиот Атеистички музеј во Скадар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Останувам немоќен да им помогнам на идните генерации, на моите чеда да го најдат вистинскиот пат во клетиот Балкан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во клетиот капитализам, експлоатираниот работник по напорната работа може да си купи softy gun, и ко некој кретен да прави балони.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)