во (предл.) - кожен (прид.)

Мало книже од Куранот со изреки и молитви на арапски јазик, што обично се носи во кожно кесе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Место запис може да се најде и предметче коешто според народното верување штити од уроци, болести и други незгоди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наместо очекуваните, испеглани гардисти, пред градбата стојат копјаници, со избричени веѓи и во кожни кошули. Ме пропуштаат без збор.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се разбира, невозможно беше да се транспортира оригиналот, кој како и “Големото стакло” е трајно инсталиран во галериите на Музејот на уметностите на Филаделфија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак делото беше адекватно репрезентирано со голем број подготвителни работи (вклучувајќи ги претходно споменатите цртежи), како и со еден прекрасен колаж на фотографии од ФМА (позајмена на подолго време од Мадам Дишан) и тродимензионална рељефна студија изработена во кожен пергамент од Moderna Musset.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во првото кафеанче седнав да испијам кафе, ја пикнав раката во кожната ташна што ја носев обесена на рамо, а која сега ја имав положено на масата пред себе, и го најдов својот адресар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со кожен ремен со презрамка, со жолти копчиња со буквата Б на токата и најубавото – со едни многу убави ками во кожни футроли, исто со Б на рачката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дури и по најголемите горештини одеа во кожени палта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ибн Тајко остана со зината уста додека дубровчанецот џбарна во кожената торба што му висеше крај колкот, протарашка внатре и извади оттаму дебела книга во раскошни корици, украсена со сребрени налепници од цветови и лисја. „Дваесет аспри”, рече скромно. „Дваесет аспри?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вниманието му го привлекува еден том во кожена подврска.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Остана долго во кожените ложници, што некаде оддалеку мирисаа на штавање, загледан во една точка, наеднаш неспоредливо малечок за да ја исполни со себеси, со својата будност, дури и оваа своја одајка, и од тоа уште повеќе пристеснет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во библиотеката има двесте примероци на негавите собрани дела во кожен подврз подарени за просветно-воспитни цели.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Убава вест ни носите! рече генсекот загледан во кожниот црвен омот во кој беше копијата на текстот на пораката од претседателот Мојсов, преведена на француски јазик, на меморандум од амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури и по најголемите горештини одеа во кожени палта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стопаните купи книги и весници, глувците грицкај, според узусите на меѓународната поделба на трудот: едни купуваат, други читаат, трети грицкаат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Грицкачите се најзадоволни кога ќе налетат на некој класик, уште во кожен повез, уф, уф, прсти да излижат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)