во (предл.) - ленен (прид.)

„Патилнику мој“, ја отвори вратата Јага Перуника во ленена кошула и со пуштени коси.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Си треперела ли некогаш в грло како нож што не знае дали до дршка да се забуца во ленена кошула или свечено да блесне под болнички рефлектори?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повремено преку визијата минуваше магла, ја носеше со себе и ослободуваше простор за нова визија: наеднаш Рубина Фаин е широколика и ковчеста идна родилка во ленена кошула; околу неа , под араратските или карпатски или алпски масиви, лежат разбранети златни полиња или пасишта со онаа трева што кај нас, не знам зошто, селаните ја викаат слак; чекори, чекори, ќе стаса ли на историската цел негде кај што, според неа, крвта се измива со крв?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)