во (предл.) - летен (прид.)

Со стравот потпотиснат од надежта што ми ја врати изворот вода долу, јас се исправив целиот, со сета височина, и во летната вечер, следен од мирисите на тревите и од болскањето на светулките, се вратив во собата кај мојата машина за пишување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знам дали постои друг град во Европа со толку многу слаткарници, каде што се консумираат во изобилство унгарските слаткарски специјалитети, а сега, во летните месеци, и сладолед и пиво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ВО ОВИЕ априлски студеникави дни Варна малку личи на оној распеан, расцутен град, завиен во зеленилото и полеан од жешкото сонце во летните дни, во сезоната на туризмот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, трговците не попуштаат, и војната дури во есенските дни стивнува, зиме речиси се смирува, за да се распали повторно во летните дни, кога на пазарот пак се појавува сладоледот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Другите застанаа, како сталактити полеани со врела вода во зимски денови, со снежна вода во летен ден.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во летните месеци, кога имаше помалку читатели, во магазинот беше попријатно одошто во горните простории и Грдан имаше време да прелистува книги во преградениот агол со стол и маса, што магазинерите си го викаа гулабарник за да не биде кокошарник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Обичај беше да го затвораат добитокот в трло, иако опасноста од волци во летниот период, речиси, не постоеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гладта на пронаоѓачот ако ја водиш со себе значи си ја дофатил насмевката на детето во себе. (Дали станува збор за риби во летен азил?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Што призива овој `рѓосан меч, Ова црно рикање на добиток во летна ноќ, Што сака да каже оваа лузна на душата?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Страницата на Нешнал ривју се воздржала од секакви коментари, а за написот дала ваков вовед: „Следува буквален препис од каталогот со предмети во летниот семестар за 2000 година на Универзитетот на Мичиген.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тука, во летните месеци 1948 година не носеа на плажа, повеќе да вежбаме воени вештини, по програма и распоред, отколку да пливаме и да се сончаме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По повеќекратно чукање ни отвори девојка облечена во летна проѕирна горна кошула и многу тесни сини џинси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се слуша дека во летните квечерини од реката изнуркуваат летачки змии и отфрлајќи жарчиња во форма на крлушка од крап, се упатуваат кон шумите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повторно сум во летната, утринска вода на морето, прочистена од валканите отпадоци на надворешниот свет.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој беше повисок од таа здиплена наполно старичка, онака сува и вдовички свитката у две губи, таа појде кај Башмајсторот, нешто зборуваше таму, Башмајсторот само климна неколку пати со главата, загледан во орото, а Змејко тогаш можеше да го чуе оној глас на старичката, тој глас од тажаленките во летните приквечерини, кога рече таа: „Чувај ми го, мајке, добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние што се збиени, уште од зори си ги мешаат сенките, се надјавнуваат, се грабаат на просторот, се издолжуваат и се собираат како пијавици, како полипи, како чудовишта; сокаците: удриле кај им било мило; еден од нив, најширокиот, се припил до езерото, не се дели од него: кај врти езерото, и тој; кај ќе се намери на куќа, се тргнува настрана, се свиткува, се стеснува; кај се спушта брегот на езерото, и тој по него; колку што се проширува брегот на езерото во летно време - толку и тој.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во летната кујна пет фамилии готват на еден шпорет, кој на волшебен начин ја има смалено моќта и брзината, па со часови чекаш да дојдеш на ред.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се сеќавам на промената на зимско во летно време, која ти ги нарушува активностите својствени за темница, а во 21 часот по она летно време беше ден, а по ден тоа одеше потешко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во летната медитеранска екстаза на Езерото, кога над него владее огромната сина тишина, нема човек, посебно поет кој искачен на вишинката кај манастирот Свети Наум не чувствува потреба да напише песна туку е обземен од внатрешниот неодреден порив да ги - раскаже разликите од светот од кој иде!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше тоа еден простран, светол сон, во кој целиот негов живот како да се протегаше пред него, како пејзаж во летно попладне по дожд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас сфаќав дека тој сакал да ја гледа до себе во летните вечери облечена во тенко и онака миризлива и мека.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не знам, дали, обземен од повтежот, ме гледаше мене јасно или јас бев само пасмо густ воздух што трепери пред него во летната ноќ.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И во летен припек тревата таму била росна, зашто тоа било с а м о в и л с к а л и в а д а.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
III Лежам во тревата загледана во летниот облак каде ми се изјази погледот по сенката на липата што уште трепери во споменот на небото и сонот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А јас не ја испуштав од погледот Јана. Следев како ја заобиколува мермерната плоча што ја нагрдуваше позлатен натпис и како си го штити лицето од поткршените багремови гранки што веројатно ќе му бидат единствената сенка на мртвиот поет во летните горештини.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кога ги избегна опасностите од гранките, неколкупати, како да бара цврсто парче земја, Јана потскокнуваше од облак на облак по своето високо небо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред неколку години е изградена филтер - станица за пречистување на вода од реката Брегалница, ама и покрај тоа во летните месеци ние сме жедни за вода, затоа што реката Брегалница речиси пресушува.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во летните горештини претставува место за освежување, а зиме - кога има магла и смог - велат - Водно е воздушна бања. Погоре се и две детски одморалишта.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Некои урнатини, обраснато камење, оброчиште и еден темен напев што се издига во залезот: три жолти цветови, наведнати над каменот, секое нивно потреперување – некој потаен збор, се нишаат и се молат во летниот припек.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
„Во прво време ќе го чистиш дуќанот, во летните денови ќе го прскаш сокакот пред дуќанот и ќе го метеш, ќе носиш вода од блиската Капан-чешма, ќе носиш разни работи дома, за ручек ќе донесуваш јадење од дома.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)