во (предл.) - локален (прид.)

Еден ден кон крајот на семестарот, Frere-Jones бил во локалната кафетерија на училиштето.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Враќањето во родното Трпејца беше еднакво на самоубиство и подразбираше занимавање со рибарство или пиљар во локалната кооперација.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Скотје во тоа време ги живееше дваесеттите години од Чикаго. Алкохолот во смрадот навечер можеше да се набави само во локалните кооперации и само ако го знаеш пиљарот да ти дае под рука.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Енценсбергер е на мака, моралната и човечка супериорност на нашите литерати е несомнена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Германскиот поет ангажирано молчи, како да учествува во локалниот натпревар “Седум дена досада”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Еден муштерија помалку во локалните книжарници.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Пред да дојде во секретаријатот, работеше во локалната телевизија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дејан, низ цинична насмевка наполнета со пожолтени заби ја цитираше мудроста којашто Тодор, уште во деновите кога двајцата беа новинари во локалниот весник му ја посочуваше како врвен интелктуален дострел.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Тодор мислеше дека народот ќе се испотепа да гласа за еден завршен студент на филозофија кој во локалниот весник пишува за најновите поправки на градската канализација, зајадливо забележуваше Дејан, колега на Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По ова, Кукулев – од инвентарот кој остана во просториите на Радиото – успеа да си наплати само 90.000 МКД (1.500 ЕУР), што горе-долу е само ½ од вкупниот досуден долг!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По целокупното окончување на спорот Кукулев, барем формално-правно, остана да работи во Радиото уште околу две години – иако тој, впрочем како и сите вработени во локалните радиодифузери, не одеше на работа и не земаше плата –  бидејќи de facto локалните радио и ТВ станици беа затворени и воопшто не работеа!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Значи, од следната 2005 година платите на вработените во Радио „Велес“ почнаа перманентно и редовно да доцнат – бидејќи секнаа неговите законски извори на финансирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На почетокот ова, колку-толку, беше ублажено и компензирано со давање на, во тоа време, популарните „бонови“ на работниците – со кои тие можеа да пазаруваат во локалните продавници и маркети на познати фирми од градот, со коишто директорот имаше личен, пријателски или деловен, однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, тој нагласува дека на овој настан не присуствувале "сојузничките офицери, кои претходно беа поканети на Конгресот..., поради тоа што партизаните ја промениле датата без да ги известат членовите на мисиите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Резултатите од Конгресот не биле објавени во локалниот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Што се однесува до минусот, се надевам дека сепак ќе го прободам со една фина вертикала. Зошто ја направи изложбава, заради нарцисоидност, да ти објават фотка во локалниот безвреден весник?  Можеби порано имаше и од тоа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во текот на седмицата по секоја парада на геј-гордоста, во локалните весници (и главнотековни и геј) по правило излегуваат десетици писма со приговори дека геј-гордоста станала параспур на изроди и дека учеството на сите тие распашани креатури во маршот ја озлогласува хомосексуалноста и е штетно за каузата. ‌Политиката на геј-идентитетот ни донела неспорен и бесценет сплет од слободи и допуштенија, сигурно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во цивилизацијата на информацијата/комуникацијата на 21-иот век креативноста и менталната беспрекерност стануваат етички норми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Слободњаците беа толерирани само кога иновациите и промените беа неопходни, обично затоа за да се излезе како победник во локалните натпреварувања.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Токму во моментот кога целосно замрзна, маалската алапача Мара се јави во локалната телевизија, раскажувајќи им на новинарите ексклузивна приказна за полицајци-канибалисти.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)