во (предл.) - лут (прид.)

Виде Димче Волшебникот една птица и си помисли: „Нека птицата се претвори во лута оса и нека го касне непослушното маче!“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од улица се дотркала пијана запрега на двајца баритони; голиот сув корен на нивните грла беше потопен во лута неслога.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јасно - тоа значи зиме да не се поаѓа на пат, особено во лутите зимски јануарски и февруарски денови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Во луто време, вели Јон, никој не знае кај бил и никој не стасува кај што тргнал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)