во (предл.) - многу (прид.)

Од најраното значење на поимот кое датира од античка Грција, јавниот простор речиси секогаш е урбан простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ова има свој одраз во многуте современи теоретски размислувања за јавниот простор, каде градовите остануваат во фокусот на анализата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како културна активност којашто може да се согледа во многуте уметнички форми и во многуте струи на современото мислење, она што сакам да го наречам постмодернизам во основа е противречно, решително историско и неизбежно политичко.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имаше многу поединости кои не можеа да се најдат во многуте написи и книги за Мајка Тереза кои, тие години, не престануваа да се множат во светот. ѝ ја дополнував на Мајка историјата за оваа храбра и единствена жена во светот, каде што запираше нејзиното сеќавање, дополнувано од маалската легенда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го поминавме мостот и се заплеткавме во многуте тесни улички во стариот дел на градот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беа дојденци, иноземници и натрапници што му подаруваат на зелениот континент младост, покорни жени и здрави деца, истпориски разјадувани во многуте крводелци во минатото, да сфатат полека дека се сега во едно стојбиште.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)