во (предл.) - надојден (прид.)

Татко, едно утро, силно ја почувствува миризбата на расцутените јорговани која го носеше и здивот на водите од Езерото, во надојдените сеќавања.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Да живеам и да стојам на ноќен дожд, да сум наведнат преку железната ограда на мостот, да сум со потопени очи во надојдените води.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)