во (предл.) - народен (прид.)

Напротив, таа е синоним на секојдневното и баналното, синоним на сиромаштија, а во народните верувања исто така синоним на грев и мит на ѓаволот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едноставно и мудро, како што тоа само нему му е својствено.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Документаристичкиот приод во градењето на романот се отсликува и во цитирањето на познатите документи кои тангираат конкретни личности или настани за кои станува збор, и нивното присуство во народната песна, кон која Николески има посебен респект.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Едноставно и мудро, како што тоа само нему му е својствено.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Документаристичкиот приод во градењето на романот се отсликува и во цитирањето на познатите документи кои тангираат конкретни личности или настани за кои станува збор, и нивното присуство во народната песна, кон која Николески има посебен респект.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Познато е, инаку, дека луѓето се смалуваат кога влегуваат во народните кујни, а оттаму излегуваат уште посмалени.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сега син му сакал нејќел ќе се отсрами и сам ќе оди во народната кујна. Пеша, со парчосани сеќавања на татка си.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Беше избран Президиум на Народното собрание кој на 16 април ја именува Првата Влада на федерална Македонија, кооптира нови членови во Народното собрание и именува членови во Федералниот суд на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од тој период започнува да се воспоставува и изградува за прв пат современата македонска држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Да продадеме 50 нивни џипа сигурен сум дека нема да има ниеден сиромав во народните кујни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во есента на 1940 година заминал на отслужување на воениот рок во Сараево, каде го затекнала фашистичката окупација.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пред почетокот на Народноослободителната војна се вклучил во народното студентско движење и во активностите на МАНАПО.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, тој останува нерасколебан во напорот да ги лоцира тие вистини, а особено да ја открие општествената и емоционалната логика што во народниот ум геј-мажите ги идентификува со Бродвеј, како и во геј-културата и во одживеаното искуство на многумина геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што гледаме ние во најновата бугарска историја? Бугарија добива политичка слобода, најважното нешто во народниот живот, уште тогаш кога кај нив немаше народни идеали, кога и самите не знаеја што сакаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа навистина создаде различна народна традиција во односот спрема Марка што се изрази и во народното творештво.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во народните песни не еднаш се употребува името „каурин” и „рајатин”, и „земја каурска” или „земја рајатска” во етнографско значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие млади Македонци, воспитани во Србија во народен, т.е. во дух да ја сакаат најнапред својата татковина и својот народ, па после човештвото, заминувајќи во земјата каде што нема национално самосознание, а наместо него полн индиферентизам кон народните интереси, внесоа во неа нова струја од национално воодушевување и работење за ослободувањето на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Двајцата седеле во последната клупа со другите родители во чевли со изедени потпетици, накриво, во народни носии, зашто тоа им било најново.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во народната демократија слободната работничка класа може да џвака само базока.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
___ * Авторот претпоставува дека Кукулино е старо или измислено име за Кучевиште или некое друго село од скопската планина Црна Гора или, според турската администрација од тоа време, Карадак. ***
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Гиневме ние, гинеа Бугари, но најмногу изгинаа Македонци, и тоа какви Македонци.“ (Од говорот на др. Јордан Аќимовиќ во Народната скупштина во Белград на 15-11-1938 година).
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Токму, во тој миг во собата влезе Рада, облечена во народна носија од стариот крај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На отворената сцена се менуваа говорници со оперски лица, девојки potato во народни носии, музичари и пејачи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мајките не аплаудираа, но тоа беше кундакот на врховникот кој послужи „индиферентната маса” да биде устроена во народната „судбинска линија”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Понатаму, граѓанското општество и државата мораат меѓусебно 12 okno.mk да се разликуваат во доволна мера за да може да се развие Сп. Eric Hobsbawm, Na- подрачјето на автономна култура, посебно во печатените tions and Nationalisms медиуми и во народната литература.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, Татко веруваше дека употребата на овие заемки нема конечно да замре зашто тие понатаму беа живо присутни во народната меморија и творештво, во народните говори, во старите документи од кои некои беа валидни и во новото време, како на пример тапијата, адетот, аманетот, бакшишот и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Занданата е неодминлива и во балканските митологии, легенди, во преданијата, во народната литература.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тука беа во прв ред најчестите заемки како: султан, везир, беглербег, паша, падиша, бег и беј, санџак, ага, ајанкајмакам, потоа на листата се надоврзуваа и муслиманските верски лица и исламското право како: муфтија, оџа, имам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во народните говори се сретнува и синонимот на пенџере заемката џам (од персиски cam), што инаку во турскиот јазик означува стакло.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа, впрочем, и реши да оди на поширок избор од замислениот и предвидениот со Камилски, особено во доменот на заемките во администрацијата, повеќе присутни во народната литература и големите реалистички романи посветени на османскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски како значајни ги избра и заемките: мушабак, вид дрвена решетка што се ставала од надворешната страна на прозорците во муслиманските куќи (од арапски muabak); ќепенок, дрвен капак со кој се затворале дуќаните, а дење служел како тезга или излог (од турски kepenk); мазгал, мал тесен отвор на тврдина, а подоцна и прозорче по апсаните и магазите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дарко мислеше на фотографијата на жена во доцни дваесетти во народна носија, со големи гради и широко лице.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Како во народната песна – Димковица го бара Димка, Димко ја бара Димковица...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Исто, ко во народните песни ми иде да зборувам, да прашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Како во народната поговорка: Малку пари - малку свирка!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- И - продолжи Кузе - тие од горе рекоа дека со тоа се покажа дека е народен непријател и затоа народната власт го одведе Ѓорѓи во народниот затвор во Преспа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Значи сите во народната власт против народниот внатрешен и надворешниот непријател.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кој во армијата, кој во ОЗНА, кој во УДБА, по некој во народните одбори на власта...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се пријави во народната милиција. И тука најде работа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама подоцна, кога созреа, најпрвин во партизанските одреди на ЕЛАС, потоа во Егејската бригада, па служејќи во Југословенската народна армија, а потоа и во народната милиција, размислуваше, а размислувањето понекогаш беше рамно и на неизвршување на наредба...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како што колената не ги снемува, како што корените корен раѓаат, како што сојот не умира, така и лошото живее во клетвата народна што постојано се пренесува низ дамарите во народното паметење и како поука и како предупредување... ќе не колне нас народот, ќе нѐ колне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во народните поговорки, како што знаете, искажана е народната мудрост, запаметено е и запечатено илјадагодишното народно искуство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)