во (предл.) - научен (прид.)

Оттаму и претпоставките за можни манипулации со претпријатијата во текот на процесот на приватизација токму преку шкартот земен како крунски доказ при проценката на нивната наводна ниска вредност. 120 okno.mk Без да навлегувам во научните и политички расправи околу тоа колку усвоениот начин на приватизација е ефикасен или не, неупотребливите количини на објекти ги гледам и како метафора на еден поинаков вид на вишок - технолошкиот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Камилски, како докажан познавач на психологијата на детето, беше готов да продолжи да ја разработува темата на балканскиот инает, но Татко, гледајќи во саатот, му предложи тој тоа да го напише и објави во научен труд, иако обајцата беа убедени дека никој не би прифатил, од идеолошки инает да печати негов научен труд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мудро, како во научни расправи (а авторот на крајот од романот кажува, скромно, само дел од консултираната литература!), се покажуваат тие културолошки и аксиолошки составки на балканскиот менталитет генерално.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа, нараторот мудро вели: Секој од третираните турцизми беше свет за себе, со свое минато, осакатена сегашност и неизвесна иднина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски постојано се ближеше до заклучокот за поимот инает, за неговото место на замислената листа, на турцизмите, но никако да стигне до целта, до конечниот предлог.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во шеесетите години, кога во научната фантастика се појави Новиот бран, авторите што му припаѓаа го имаа само својот бес и жестина како оружје, и наидоа на голем отпор.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дури со Бен бевме и во научниот институт во Пасадена кај доктор Миликен, тогаш моментално најголемиот американски научник, и го прашувавме детали за бомбата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
До оваа идеја дојдов многу, многу години порано - додека со воз патував од Булоњ во Париз.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јуриј Мамлеев НАЛИЧЈЕТО НА ГОГЕН На младиот, но во научните кругови веќе познат, математичар Вадим Љубимов му стигна телеграма од едно зафрлено место: татко му е на умирање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Токму оваа тешкотија да се изрази она што е нефизичко, претставува основа да се изведе заклучокот дека менталните состојби се физички.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Општо е познато, како во научните, така и во филозофските кругови, дека проблемот за односот на духот и телото можеби и не може да биде решен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Деструкциската уметност е слика на отпор во формата на настанот, но исто така и значајно средство за преживување коешто континуирано мора да биде истражувано. извор: firs Electronica ‘91, and Arkzin тематот го подготви и преведе: АртАнгел 11 Herbert Dreyfus, Paul Rabinow: Michel Foucault: Beyond Structuralism and Hermeneutics, 1983. 64 okno.mk Маргина 37 65Мамлеев 66 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И, како што векот привршува, некои во научниот свет претскажуваат решение за невработеноста според наследството на Einstein.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И таму, на млади години, го мачеше тајната дали под двете езера разделени со една планина, се мешаат нивните води и се формираат многубројни пештери, како што се велеше во преданијата и се претпоставуваше во научните списи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Грчката врска на Мајка, како, впрочем, и италијанската, подоцна турската и сите други балкански врски, нај­многу остануваа во научените јазици на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)