во (предл.) - најмил (прид.)

- А јас во најмилото се колнам, дека не ги видов и дека мислам дека за тоа е виновна оградава која понекогаш се труди да нè исмее - рече Загорка Пеперутката и ми ја зачепи устата со пердувестата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кога човекот се колне во најмилото, во очите и „госпо да не стори аир“, ќе му веруваат, но по обичајот му ја даваат половината цена. Ништо затоа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)