во (предл.) - невозможен (прид.)

Неговата диплома, како во невозможна дипломатска мисија во татковината на животот, го спасуваше животот на семејството во балканската егзилска одисеја, без никогаш да ја открие својата Итака И конечно во стратегијата на спасувањето на своите деца и семејството во егзилската емиграција, покрај неговото речиси фанатично молчење за своето минато, кое според некои негови претпоставки можеше да биде опасно за неговите пет синови и едната ќерка, тој внимаваше тие да се определуваат за училишта и факултети кои го заобиколуваат затворот, како што нагласуваше во ретки прилики.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ќе ја видеше птицата како врти околу врвот без да може да застане врз него, тој како да ја гледаше и сликата за неговата верска припадност, како во невозможна потрага по конечното верско преобраќање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во однос на економската состојба на населението во Македонија членовите на британските воени мисии известувале дека локалното население живее во невозможни услови и дека нивната свест кореспондира со нивните материјални услови.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)