во (предл.) - неизвесен (прид.)

Сепак, кога на 7 јуни 1905 година четворица студенти на архитектура се здружиле во уметничката заедница „Brücke” (Мост), тоа претставувало храбар чекор во неизвесна иднина и тогаш никој не ни претчувствувал дека тој датум еднаш ќе биде сметан за датум на продорот на германската уметност во Модерната и наедно почеток на движењето подоцна наречено експресионизам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Едниот како да беше заведен од другиот да одат докрај во неизвесната мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Куќите во маалата биле преку авлиите поврзани со мали капиџици, односно вратички на ѕидот помеѓу две куќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Живееле во тој мал микрокосмос какво што било маалото како во тврдината во која го бранеле својот опстанок со голема меѓусебна толерантност и солидарност во неизвесните времиња на балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку што повеќе навлегуваа во јазичниот балкански лавиринт на турцизмите, Татко и Камилски јасно согледуваа дека никогаш нема да го најдат излезот, ќе ги замајуваат постојаните крстопати на јазичниот лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како некогашен сорбонски дипломец, одличен познавач на францускиот, шпанскиот и другите романски јазици, тој, всушност, не се прокламираше како застапник на чистењето од опасните турцизми, туку едноставно бараше патишта како да се обезбеди иднината на потомците, како да се обезбеди најдобриот можен систем на нивното воспитување, да се формираат нивните карактери во неизвесните и секогаш променливи балкански времиња, како да живеат со јасен и здрав јазик, без нагризувачки примеси од минатото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој трагаше по систем на поврзување на значењата од сите негови книги, како во некоја само за него разбирлива и дофатена алхемиска операција, кои требаа да завршат во една жива книга, моќна да се вклучи во тековите на самиот живот и да ни го покажува патот во неизвесната бегалска судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Библиотеката беше вистинското Татково царство со илјадниците книги поданици, откриени и земени во себе особено во неизвесните патишта на балканскиот и медитерански егзил, при неговите престои и патувања во Цариград, Александрија, Тирана, Белград, Сараево, Битола и Скопје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еднаш откорнати од родната грутка како да не беше битно каде нѐ води ова вовче на судбината, на која станица ќе запре, кој ќе биде последниот свртничар: дали богот на случајноста, кој најмногу влијаеше во неизвесното одвивање на судбината на нашето семејство или некоја друга сила?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој не влегува во неизвесните нови предели на литературата како лекомислен патник кој со себе не си зел ни карта ни компас.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вистина е, како што забележувате, моите родители се разбираа со малку зборови, но до нив се стиgнуваше по многу премолчувања во неизвесната, напати бучна судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го чувствував како свој постар брат во животот, како собрат во неизвесната творечка одисеја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го имав татковиот штит, но немав никаков меч во неизвесните налети на судбината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Станав дипломат со дипломи. Но требаше да се биде вистинскиот дипломат како Татко во преживувањето, во фугата на балканскиот егзил, во постојаното потврдување, во вечното прилагодување, во неизвесната одбрана на животот, спасител на семејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вистина е дека историјата ги избира своите херои, но таа и немилосрдно ги отфрлува, во неизвесните меандри на минливоста, на неумоливата фаталност на владеењето. ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко ми, од своја страна, мислеше дека е добро во емигрантските семејства да има повеќе лекари, да им бидат на помош на сите луѓе, за да може семејството посигурно да опстане во неизвесните и проклети балкански времиња...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа, речиси на крајот од моќта да паѓа, влегуваше во неизвесна битка со моќта на телото и животот на новата рожба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Цветан Горски го замислуваше Татко со нови сознајби, внесен во неизвесниот пат на јагулите, во потрага по излез за семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И не ретко, таа, кога била сама, во неизвесни и тешки времиња за семејството во егзил, тивко им говорела на светите книги, им поставувала прашања!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејзиниот долг живот мина во постојано жртвување спасувајќи ги своите чеда во неизвесната балканска судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)