во (предл.) - нерамен (прид.)

Дарвиш во мигот ништо не одговори. Отсутно гледаше во светилките кои се палеа на другиот брег, отаде блиската граница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неочекувано, задоцнето одговори: - Хероите кои се создаваат во нерамен бој, треба да ја сочуваат храброста за да живеат во лесно непомирливата народна имагинација!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За да се утешат во возможноста на нивната мисија и нерамноправен бој со зборовите, кои ја губеа својата моќ на најголемото бојно поле на времето, нивна утеха остануваше тишината, составена од зборови кои не се кажани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И сега кога обајцата се најдоа во нерамен бој со зборовите, обајцата тишината околу нивните книги, зборовите во нив, ја чувствуваа како крајно досегање на јазикот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги пуштам алиштата, едно по едно, и гледам во нерамната земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)