во (предл.) - несреќен (прид.)

Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Слушајќи го како ми се исповеда низ главата ми проструи мислата “сигурно бил во несреќен брак па сега е разведен”…
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој загина во несреќен случај, сосема млад, со кариера која светлосно се развиваше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сенка на сомнежот е истовремено и психолошки филм и трилер.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во филмот е донесена морална пресуда, зарем не, бидејќи Котн страдаше на крајот од филмот, дури и во несреќен случај, заради својата внука.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Куќата може да биде несреќна, но среќни луѓе не живеат во несреќни куќи.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Така беше и сега: полека, а тоа само јас го гледав, се претвораше во несреќно орудие на злобата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имено, овде интенцијата на законодавецот е обештетување на лицата кои во несреќниот период на приватизација завршија како жртви на реструктуирањето на претпријатијата кои беа во општествена/државна сопственост.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Не гледав во библиотеката туку во мојот нов пријател и во несреќниот тигар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се колнам занемевме сите кога од своето место, на предната клупа, како изгорен со револвер в рака скокна татенцето, кога како најлудо птичиште крикна: - Проклето фашистичко куче, нема да бесиш, - го напери полниот револвер право во несреќното момче Методија Гришкоски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во неговата соба владееше сиромаштија: маса, столче, кревет и орман, неколку книги и еден голем бележник, а во бележникот точен список на сите што требало да примат пари од него, вклучувајќи го и заемот од четири марки од претходната вечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стрико ми Ото, како што рековме, умре во несреќен случај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И во среќни и во несреќни периоди, поговорката функционираше со својата поширока смисла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)