во (предл.) - нецелосен (прид.)

Но и покрај ваквото уверување Маклин му дал до знаење на Тито дека тој не “бил разуверен“, и дека ќе “суди според настаните, а настаните се многу вознемирувачки“.295 Од своја страна, претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито, притиснат од очебијните факти за она што се случувало во Македонија, а и самиот во нецелосен тек со она што се случувало таму ќе му изјави на Маклин дека сите активности кои се случувале во Македонија “се случувале без негово знаење или одобрување“ и му ветил на Маклин дека тој самот ќе се заложи да им стави крај на таквите активности.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)