во (предл.) - нејасен (прид.)

И, како што се случува често по разбудување, мислата му се вплете во нејасна слика од сништата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се виде себеси како стои таму, во нејасната светлина на ламбата, сред мирисот на бубалките и на евтиниот парфем, и со чувство на пораз и на отпор, што дури и во тој момент беше помешано со мислата на белото тело на Кетрин, смрзнато засекогаш од хипнотичната моќ на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Честопати одлежуваше меѓу еден оброк и друг речиси без да мрдне, понекогаш спиејќи, понекогаш будејќи се во нејасни фантазии, во кои му беше премногу тешко и да ги отвори очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Земјата под нозете му се тресеше и предметите, што беа во непосредна близина, се туркаа и се тресеа; а подалечните предмети пловеа во нејасна магливост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во свеста се отвори пустош и во нејасна далечина се топеше озлоочената сала.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гласовите во неа се мешаа, се лизгаа, се судруваа и се кршеа во нејасни слогови.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мрзоволно се влечев по нив по малку навреден што не ме погледнуваат, застанував полека и гледајќи го широкиот грб на Баждара се губев во нејасни мисли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Какво е ова место?“ Ѕверев во нејасните облици на темницата, во рѓосаните ланци и покриените нешта.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И не погледнал во нејасното лице на долгманестиот Борис Калпак. - Што е, ти пречи ако поспијам? - Ами, зошто?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попусто: чудото на оживување било возможно само во старите манастирски книги. Луѓето се збигоросувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Без импулси за животот околу себе паѓале на земја по првите прегратки со жените и со мајките и се распливнувале во нејасни, распарчени и испреметкани соништа, пред тоа преслаби да ја голтаат и да ја издржат ракијата што сосила им ја сипувале помеѓу испуканите и раскрвавени усни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Онисифоре, слушнал исплашен глас. - Болен си.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги погледнав завесите во собата и тие се претворија во нејасна златна боја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)