во (предл.) - опасен (прид.)

Јазот од детството прераснал во опасна река, мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Помина неколку дена во опасна неизвесност иако веруваше дека со сила ќе го вратат назад во Југославија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако се иселило порано, зошто морало да го напушти новиот стан и зошто во ниедно време, пред зори, кога Банката уште горела а војската можела да пука во сè што било сомнително без предупредување, директорот го преселил семејството во француската болница којашто била во опасната зона до самата банка.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Следејќи ги наредбите од Атина, органите на грчката црковно-училишна пропаганда во Македонија уште од порано се ставиле во служба на турските власти и многумина од нив се претвориле во опасни доушници и непријатели на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Острото морнарско око, загубено во опасниот простор на морето, ја следеше оваа зграда слетана на самиот врв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Живееме во опасни времиња. Важно е будно да се држиме до здравиот разум сите заедно, меѓусебно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оние другите, кои не посакуваа да бидат нешто друго во овој свет, туку сакаа да бидат она што се во еден поинаков свет, си подготвуваа облека која требаше да ги заштити во овој свет овде – си правеа оклопи, или наметки од жица кои изгледаа како кафези; си подготвуваа костими кои требаше да им помогнат да се изборат со овој свет, и во нив се престоруваа во опасни животни, или во ѕверови од некоја фантазмагорија; си подготвуваа облека која можеше да им овозможи да побегнат од овој свет, па си правеа крилја за да одлетаат, или си кроеја облека што не беше облека, туку ткаенина која обликуваше подвижен ѕид, ковчег, камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас секој ден одев во просторијата во која се подготвуваа костимите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И внимавај на нашето синче, богами така му реков, внимавај на него, тој е во опасно време.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Да“, рече префектот; „и последниве неколку месеци така стекнатата моќ во опасни размери се користи за политички цели.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тоа не само во опасните мигови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)