во (предл.) - опоен (прид.)

Во Тунис, повлечен во сенката на палмите, во опојниот мирис на јасминовите цутови, се предаде на својата голема мисија на животот - читањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Притоа, во опојниот мирис на заветот, во разгранетото стебло на животот, каде чувството на убавото се негува, а мрачната мисла во сенка тони во бездната на очајот – се запрашува колку е голема срцето што секому по нешто подарило?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Оставете, во ѕвездено небо гнездо да свијат Две птички во раскошната убавина на природата во опојниот мирис на занесот во разгранетото стебло на животот каде чувството на убавото се негува а мрачната мисла во сенка, тони во бездната на очајот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Таму во опојниот мирис на занесот во расплетот на врбите, во цутот на црвениот јоргован, крај река без престан што тече, плач...солзата умира тркалајќи се...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Заспав, во опојниот мирис на нејзините нерамнини кои мирисаа на млеко...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но, не можеше ништо да смени, па затоа фокусирано одеше право накај бакалот, не вртејќи се налево, надесно, радувајќи му се на сонцето и уживајќи во опојниот пелистерски воздух.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)