во (предл.) - пазарен (прид.)

И овде се докажува познатиот стих: “По покусиот пат во рајот не се стигнува” - на почетокот морате да вложите малку повеќе за после помалку да ве боли глава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во пазарното стопанство со развиена конкуренција, претпријатијата се приморани што повеќе да ги смалуваат ризиците на работата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се состои во тоа со помош на специјални прожектори, среде бел ден, па и на најголемо сонце, по небото да се испишуваат пропагандни пораки со букви големи 400 метри!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во меѓувреме, во пазарните денови, кај ковачите во Прилеп, за стасаните принови во домаќинствата за жетва, набавуваа нови српови и ги остреа ланските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Соочен со овој антагонизам, КАПИТАЛИЗМОТ ги користи предностите на хиперфункционалноста на интерпретаторите - медиумите, кои секојдневно го преведуваат антагонизмот во лингвистичките категории на капитализмот, претворајќи ја неговата субверзивна суштина во пазарна вредност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Секогаш кога дедо му одеше да се потстриже и да се избричи во чаршијата, одеше во пазарен ден, и секогаш одеше кај Ружди берберот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во пазарен ден, ќепенците на берберницата на Ружди беа секогаш отворени, а внатре седеа по два-тројца селани, сѐ уште со кал од нивјето по гумените опинци и со вратови изгорени и избраздени од сонцето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Причината ја гледа во пазарните услови на стопанисување и воспоставениот суров капиталистички систем, кадешто основата е интересот на капиталот, а не на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вујошевиќ испраќа апел до сите [не]вработени дека најпрво тие самите мора да си ги знаат и да си ги бараат своите права, а потоа и синдикално да се организираат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите со смеа го спомнуваа прочуениот гарнетист Енвер-чауш, кој во пазарните денови толку се занесуваше и на мегданот пред Капан-ан ги свиреше своите мајстории пред пазарџиите и амалите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Синот на Тајко почна во пазарните денови заедно со нив да се враќа од градот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сѐ што знае тоа се неговите познајници од маалото, чаршијата и селаните пазарџии кои доаѓаат во пазарните денови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Реалноста со сета суровост ја покажува точноста на оценките на американскиот економист и нобеловец Џозеф Стиглиц дека „ретко кога јазот помеѓу очекувањата и стварноста бил поголем отколку во случајот на транзицијата од комунизам во пазарна економија“ 1 и дека „транзицијата не испадна да им користи на сиромашните.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Транзицијата од поранешниот во сегашниот општествено-економски систем не беше замислена и не смее да се сведе само на трансформација на државната во приватна сопственост и на премин од планска во пазарна економија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)