во (предл.) - париски (прид.)

Анѓа долго лежела во париските болници а еден ден ја отпуштиле со уверување дека е здрава и способна за работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А ни името не ми се вклопува во парискиот надреалистички контекст.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се сеќавам на влезените божилаци низ витражите во париската катедрала Нотр Дам, како своевиден празник на боите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Појде во пресрет на смртта во егзил во својата Палестина, слободна во соништата, оставајќи ги последните траги на својата легенда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинците на кои им се придружив во толпата во париската болница, каде што неговото срце ги одбројуваше последните отчукувања, велеа дека во секого од нас остана нешто од Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во утринските часови владее вистинско лудило во париските улици, на железничките станици, по долгите лавиринти на метрото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се разбира дека присуството на д-р Сотировски, единствен Југословен во Париската опсерваторија, која со макотрпна и деноноќна работа се пробива во врвовите на науката, ми овозможи уште полесно да се вовлечам во многуте катчиња од опсерваторијата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)