во (предл.) - пијан (прид.)

Зјапаа во пијан пајтонџија а тој се мачеше да му докаже на некој невидлив слушател дека автомобилот е најголемо зло за човекот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат, со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност на оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тука беше уште пред четири години и навикна Адем да го гали, да го потфаќа за брадичка и за обравчиња, да му ги бушави косите и да го држи за раце обично кога беше во пијана состојба додека го совлада ракијата да заспие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Отпосле дури се разбира дека брегот бил и Микеланѓело загледан во разулавеното море и во пијаниот брод одвај на дофат на видикот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во Венеција човек по навика се качува во гондола и мавта ли, мавта, било кому на брегот, колку да се мавта.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)