во (предл.) - планински (прид.)

Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Пред него се исправи противнички офицер од составот на специјалните единици за борба во планински услови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го гледаше како оди гордо исправен и како живо контрастира со изгледот, синиот костум, облеката во нашето старо маало, меѓу луѓето со работнички и селски облеки, жени со разнобојни и посрмени народни носии, кои ги носеле во планинските села.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Педесет денови, дваесет и пет различни дестинации. Газеа по веќе газените стапалки на Чеплес и на Солунска Глава, ги ладеа нозете во студеното Големо Езеро на Пелистер, преспаа во планинското бачило на Шара и ја почувствуваа исцелителната моќ на Банско, се искапеа дури во три мориња.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зашто сите во селото со години веруваа дека компирот во планинско место како нашето не ќе го биде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
САЈНА- превозно средство што заменува кола во планинските села.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Алајко Ошев и Митре Ирчев, луше од власта и на власта, едно јулско утро измазнети, стокмени, со црвени вратоврски, утлеисани, со б`снати чевли, со чанти во рацете го чекаа џипот за да ги однесе во планинското село Ошево, како членови на Мировниот совет, како авторитетни помирители, но не и на војување (војната ја поминале „во позадина“).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таму, во планинското село требаше да се најдете со мештаните кои беа искусни ловџии.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не дека нив ги немало и порано, но не гинеле на ваков начин, под оружје и во униформи, во планински заседи и поради глупоста на шутраци како оној нивниот министер, кој сака од себе да направи прв воен херој на независна Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На 2 октомври 1903 Востаничкиот штаб наредил прекинување на борбата, собирање на оружјето и негово складирање во планинските засолништа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но и покрај тоа, воените судири меѓу македонските чети и Османлиите продолжиле уште еден месец.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Роден сум во планинско село...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа ќе бидат убави денови, исполнети со работа, скитање по околните ридишта и кории и смирување во долгите зимски вечери, покрај огништето полно со жар, покрај саканиот старец кој ќе има можност да се изназборува за сите долги, премолчани месеци во планинската осаменост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Власите во Грција немаа и немат никакви права, не смееја да зборат влашки, да живеат во градовите туку мораа да останваат високо во планинските села, на песните им го менваја тексто во грчки и ги претставуват како нивни да се.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беа добри, средни компири од едно добро семе, бинте, што успеваше одлично во планинската земја, бели и трошни кога ќе се испечат, но го зачуди тоа што ги имаше толку малку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Татко ми не поверува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дури и месечината да удреше во планински врв и да се распрснеше како фрлена диња на камен, не ќе се исплашев повеќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин видов некакви пузиња, згрчени и со големи глави (тоа уште сонот ме измамуваше) и кога погледнав кај што гледаа сите, а гледаа кон последната кола, се зграпчив за грло од страв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги натера да одат да се мијат во планинската река.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќето од жените на козарите првпат во животот се беа промениле во чудесните народни носии, полни срма и сребро, блеснати во преплет со прекрасни и невидени бои, од црвено-модрикава до жолто-зеленикава, бои што можеа да се видат само во планински предели.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така ти е зиме во планинските села. снегот не ги изненадува.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Патот до границата е стрмен: наместа оди низ тунели од густо борово зеленило, потоа низ чисти ледини презаситени со опојни мириси од секакви билки и цвеќиња, потоа патот слегува надолу во планинските усеци низ кои шумолат планински потоци, и пак се крева нагоре по голиот планински стр од каде што се открива прекрасен видик на сиот простор наоколу.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)