во (предл.) - пластичен (прид.)

Пак со вообичаената рутина набрзина подготвив малку јадење за тебе и го распоредив во пластични кутиички, сварив чај со мед и отидов на пазар да купам една пиперка, домат и кромид што ми ги нарача претходниот ден.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Твојата шминка, сенките и руменилата во пластични кутивчиња.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Беше надвор и чекаше. Изгледаше како најобичен техничар на одмор, во пластичен шорц и смешна Хавајска кошула врз која беа отпечатени зголемени слики на најдобрите микропроцесори на неговата фирма; благ мал човек, еден од оние што се опива со саке во барови каде продаваат минијатурни оризови кекси со додаток на морска трева.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Главното во музиката е - нечујно, во пластичните уметности - невидливо и неопипливо”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не знам, ама мислам дека сум заборавил дека во пластичната вреќа веќе имам еден нож..“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Колку да нема забуна, тој е истиот кој сега има биста пред Синдикатот во Битола, а под неа букет свежо цвеќе во пластична чаша од Скопско.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Совет: Бидејќи ГХБ се продава во пластични шишенца, тешко е да се регулира дозата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)