во (предл.) - погорен (прид.)

Овој рок беше дополнително намален со рогацијата од февруари 2014 година и тој сега изнесува 5 дена (чл. 1 од ЗИДЗВРС/фев.14), што за македонски прилики може да се констатира дека е „експресно постапување“; б) беше додадена нова, процедурална одредба – чл. 9-а, кој предвиде дека доколку АВРМ не донесе решение во рокот наведен во погорниот текст, подносителот има право во рок од три работни дена да поднесе барање до писарницата на Агенцијата, заради донесување на решение од страна на директорот на АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Животот во паника ќе кидне прудолу да провери дали сѐ уште е тоа што мисли дека е: заден миг на свесност кога сѐ се претвора во блиц сеќавање во јазик разбиен од из-без-ум-е-ност во сублимиран естезис оти нема време да се прераскажува на долго и на широко само извесна веројатност да се искаже без надеж дека ќе биде видено од некого  само извесна пасија по кажувањето  - низ реч, низ слика, низ музика, низ тело, низ плот...  само извесно насетување на вистината според логика која оди прекутрупа во погорниот, во вртложниот круг на небото кога тоа ќе се отвори во екс-та-за! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јас се качив во погорниот и, додека ручав, ресторанот бавно се вртеше и така имав можност од сите страни да го посматрам Франкфурт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)