во (предл.) - поинаков (прид.)

Последните две беа одделени од првите три и беа во поинакви односи кон Турците и Грците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Минливоста, но во поинаква смисла, не разниша и ние – од луѓе во најубави години, сега веќе пловиме низ шестата деценија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нам денеска ни е јасно, дека токму критичките процедури се оној метаконтролен регулатор, кој го перпетуира стариот систем, со тоа што му обезбедува непречен прилив на нова социјална енергија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ние никогаш немаме разултати, само описи на резултатите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можеби излезот од оваа критичка стапица во која се најдовме не без наша вина е во поинаквата стратегија, која повеќе не сака наменски да го сервисира туѓиот, туку се обидува да изгради свој нов, паралелен свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што вели Витгенштајн (во поинаков контекст), “Го имаш тоа што го имаш, и тоа е сѐ (што имаш)”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Грот: Што чувствувате за тоа што „Симпсонови” се тимска работа, а не ваше самостојно дело? !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Свесноста дека сте во центар на внимането малку повеќе од она што во поинакви случаи би сакале да бидете, вознемирува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Доказ дека тоа постои мене ми беа луѓето што доаѓаа во поинакви облеки, со поинаков говор од нашиот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Дали заради поинаквиот систем во кој сега живееше или заради годините што носат мудрост, а одземаат илузии, овде, во шумава, размислувањата некако му одеа во поинаква насока.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во случајот со геј- субјективитетот, овој рефлекс на откажување се пројавува во поинаков облик: единствениот вид субјективитет што се квалификува за „сериозна“ лезбејска и геј- анализа е оној што може безбедно да се теоретизира во регистарот на психоаналитичката апстракција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Не сакаш да ја венчаш мојата сосетка Фиданка зашто и ти значи си ја спровирал ноќе главата низ нејзиниот прозорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ние умееме и во поинакви ора да се вртиме. Ќе те соблечеме и ќе те пуштиме гол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Втората свеска од Дневникот, голем формат, од околу 200 страници, нападно озаглавена со црн туш како Без преживување нема уметност со распон на дати од почетокот на јануари 1951 па до средината на осмиот месец во 1953, ја одразува големата борба љубопитното дете да се осознае себе, да го совлада она што му го одзела војната, а во исто време да импрегнира толку многу настани, приказни, судбини што постепено ќе почнат да се преточуваат и во поинакви форми.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Секој од нив се подвојува – еден дел од него, еден дел од неговото Јас, е она кое го создава измечтаениот свет и постои во него, другиот дел од Јас комуницира со стварноста, која за него не постои, и која е само затвор на кој е принуден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Луѓето со такво Јас живеат среде стварноста, ама гледаат, чувствуваат, мислат некоја друга стварност, некоја своја не-стварност, и кога стварноста им се обраќа ним, тие луѓе знаците и пораките на стварноста, уште пред да ги примат, ги трансформираат во поинакви знаци, во други пораки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)